Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, ЕВН Македонија реализираше серија на донации за деца од повеќе училишта и домови во државата, а за социјално загрозените семејства донираше пакети со прехранбени производи во Македонската  православна црква и Исламската верска заедница.


Со искрени желби за среќна нова година и со соодветни подароци, Управниот одбор ги посети Домот за деца без родители “11 Октомври”, училиштето за деца со посебни потреби “Златан Сремец” како и децата од ромскиот едукативен центар “Сумнал” во Скопје. Празнични пакетчиња им беа поделени и на децата од СОС Детското село, како и на социјално загрозените дечиња од општина Шуто Оризари. Претставници на компанијата ги посетија и “Домот за доенчиња” во Битола и регионалниот центар за деца со посебни потреби во Демир Капија и во Банско – Струмица.


ЕВН Македонија заедно со Црвениот крст ја реализира и  новогодишната хуманитарна акција „Да споделиме радост“, со која над 1500 деца од социјално загрозените категории, децата со пречки во развојот и инвалидитет, штитеници на домови за грижа на деца, згрижувачки центри за деца од улица и други ранливи категории од 13 градови низ земјава, од 20-ти до 30-ти декември 2012 година, имаат можност да уживаат во новогодишни претстави, пакетчиња и фотографирања со Дедо Мраз.

OhridNews