ЕВН Македонија, на настан во организација на Стопанската комора „Револуцијата во образованието – моќта на дуалното образование во Македонија“, беше признаена како прва компанија вклучена во дуалното образование во земјата. Признанието му беше врачено на Раководителот на Одделот за човечки ресурси и организација, Фисник Осеку, од страна на претседателот на Комората, Бранко Азески.

Како пионери во воведувањето на дуалното образование во Македонија, ЕВН Македонија континуирано придонесува кон развој на квалификувана и подготвена работна сила. Во партнерство со бизнис-заедницата и институциите, ќе продолжиме да вложуваме во образованието и развојот на младите како стратешка основа за одржлив економски раст, посочуваат.
OhridNews













