Минатата година за Нова година, годинава ден подоцна, делови од Охрид останаа без електрична енергија.

Делови од населбата Воска, Лескајца и други населени места од 19 часот се без струја. Иако овој проблем постојано се повторува ЕВН  се уште не го санирала проблемот со слабиот напон во овој реон. Проблемот како што велат упатените се должи на старата инсталација и слабиот капацитет на мрежата која не може да одговори на потребите.

Граѓаните од овие населби постојано реагираат на проблемот поради кој неретко им откажуваат електричните апарати, но засега без успех.

Поради дефектот на електро мрежата на охриѓани, но и на гостите сместени во приватното сместување во овој реон им преседна новогодишното славење. За среќа прекинот во снабдувањето со електрична енергија овој пат траеше само околу еден час.

Ohridnbews