Од ЕВН Македонија со допис ги информираат жителите од улицата „Славеј Планина“ дека ќе биде извршена санација на делот од улицата и тротоарот.

Ве информираме дека со надворешната фирма сме во комуникација и со Општината. Планирано е бекатон коцките да се наредат долж тротоарот, а преминот исто да се пренабие и да се постават бекатон коцки до конечно асвалтирање. Ве молиме за трпение до реализација на барањето, велат од ЕВН.

Жителите од улицата претходно реагираа дека пред околу еден месец при поставување приклучок, раскопан бил дел од улицата „Славеј Планина“, но делот кадe се извршени градежните работи не е вратен во првобитна состојба како што налагаат прописите.

Тие не знаат кој е одговорен за проблемот посочувајќи и дека можеби вината не е на ЕВН, но очекуваат нарачателот на работите и изведувачот да извршат соодветна санација на улицата и тротоарот, со цел нормално функционирање на истите.

OhridNews