Како што се наведува во соопштението на ЕВН, компанијата се одлучи да даде уште една, последна шанса поради големиот интерес на корисниците за склучување на спогодби за плаќање на долговите на рати и без камата.
Кампањата ќе трае до крајот на месец февруари, со што се заокружува циклусот поволности што ЕВН им ги овозможи на корисниците пред извршителите да почнат присилно да вршат наплата.
Со кампањата се нуди можност домаќинствата на девет рати, а бизнис корисниците на пет рати да ги платат тековните долгови за потрошена електрична енергија, тужените побарувања, дополнителните фактури, како и веќе пресметаната камата за задоцнето плаќање на редовните и тужените побарувања.