
– Задоволни сме од потпишаните договори, тоа е и повеќе од очекуваното со оглед дека на пазарот излегоа со свои понуди и други снабдувачи. Оние кои ни ја дадоа довербата го одбраа вистинскиот пат, ЕВН ќе им го понуди искуството од досегашното работење на домашниот пазар и од работењето на пазарот на Европската унија. Тие ја одбраа најдобра понуда, сигурното снабдување, прецизното планирање и продолжување на поддршката и партнерството, велат од ЕВН Македонија.
До крајот на февруари 222 компании во земјава со над 50 вработени и вкупен годишен приход не поголем од 10 милиони евра го избраа својот снабдувач на електрична енергија. Со ова се создадени условите од 1 април да старува втората фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија.
OhridNews












