Во врска со исклучувањето од електро мрежата на општинското основно училиште „ Григор Прличев“ и ЈП „ Билјанини извори“ од ЕВН Македонија информираат дека тоа е направено согласно законите кои подеднакво важат како за деловните субјекти, така и за државните и општинските установи.

Поради специфичноста на дејноста која ја обавуваат, склучен беше договор за отплата на долговите на рати кој не беше испочитуван и по испратените опомени субјектите беа исклучени од електро системот. Отворени сме за соработка со цел изнаоѓање решение за проблемот и кога ќе почнат да ги плаќаат долговите објектите повторно ќе добијат електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија.

Од компанијата не откриваат за колкав износ станува збор, но неофицијално се работи за милионски долгови.   

OhridNews