До крајот на годината може да се очекува намалување на цената на електричната енергија со имплементација на владината мерка за воведување на евтина тарифа преку ден, која како што информираат од ЕВН целосно ќе биде спроведена до крајот на октомври.

Започнавме технички подготовки за модифицирање на 800 000 електрични броила  во домаќинства, не можеме одеднаш да ја спроведеме мерката но ќе го направиме тоа во текот на октомври, а работите ќе почнат веќе од утре. – најави Штефен Петер – претседател на УО на ЕВН. Тој денеска во Охрид учествува на 10-то јубилејно советување на Здружението на инженери „Мако Сигре“ на кое главна тема е енергетиката.


Штефан Петер – ЕВН

Оваа мерка ќе ги намали трошоците за електрична енергија на граѓаните особено во грејната сезона вели Петер. Долгорочно, додава тој, не може да се прогнозира, оти цената на електричната енергија зависи од глобалните процеси.

Г.М.