Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра би можел по седум години
да го напушти „Олд Трафорд“ доколку новиот менаџер на тимот го реализира
трансферот на Лејтон Бејнс од Евертон.

Раководството на Евертон ја одби првата понуда на Јунајтед за Бејнс која
изнесуваше 12 милиони фунти, но преговорите помеѓу тимовите
продолжуваат.

Според англиските медиуми Евра, доколку Бејнс пристигне во Манчестер
Јунајтед би се вратил во Монако, која е подготвен да плати шест милиони
фунти за својот поранешен играч.

Евра за ‘црвените ѓаволи’ има одиграно 334 натпревари и постигнато седум голови.

„Макфакс“