“Еврото“ ги мотивира Русите

Рускиот фудбалски сојуз ги одреди премииите за своите репрезентативци за ЕП во Австрија и Швајцарија. За секоја победа во групата Д, во која играат со Шпанија, Грција и Шведска, руските фудбалери ќе кешираат по 10.000 евра. Во колку стигнат до ¼ финалето Русите ќе инкасираат 60.000 евра по играч ! !

Бенхакер : Задоволен сум со 1-1

Полскиот селектор Лео Бенхакер задоволен е со ремито против Македонија (1-1). – Сите играчи се добро подготвени, и за нас во овај период важна е кондиционата подготвеност. Има се уште време да кристализација на тимот кој ќе истрча против Германија во прво коло.
Полска е во Б групата заедно со Хрватска, Германија и ко-домаќинот Австрија.

 

За кого магичниот број  “10“

Во отсутво на Франческо Тоти, се поствува прашањето кој ќе ја добие магичната 10 во редовите на светскиот шамипон Италија. На листата на чекање се : Алесандро Дел Пиеро, Антонио Касано, Андреа Пирло и Даниеле Де Роси. Селекторот Донадони во желба да ја легне тензијата вели: –  За мене тоа е број кој во стои на грбот, за да се разликувате. Оставам на момците само да одлучат.
Сепак бројот “10“ е култен во Италија, а него го носеле најголемите имиња како Џани Ривера, Омар Сивори, Роберто Баџо, последен го носеше Франческо Тоти.

ohridnews