
Ова е официјалниот став од кабинетот на Еврокомесарот Јоханес Хан, кој ја најавува неговата посета на Скопје во првата половина на следната недела.
Хан потсетува дека четворицата лидери потпишаа договор на 2 јуни а го потврдија и на 19 јуни, како основа за компромис. „Лидерите мора да ги спроведат обврските на кои се обврзале и интересот на земјата мора да дојде во прв план“, соопштуваат од кабинетот на Јоханес Хан
Натаму се наведува дека компромисот е суштински елемент во една демократија, а политичка енергија треба да биде не врз партиските интереси , туку врз реформите како што е наведено во препораките на Комисијата.
OhridNews
Извор:„Радио Слободна Европа“











