Со натпреварите од десеттото коло, во А и Ц групите, вечерва ќе заврши првата фаза во кошаркарската Евролига. Пет екипи од овие две групи се веќе сигурни меѓу најдбрите 16 тима, вечерва ќе бидат познати и последните трти екипи, кои ќе учествуваат во Топ 16.

Тимовите на македонските репрезентативци, Перо Антиќ (Олимпијакос) и Валдо Илиевски (Анадолу Ефес) веќе обезбедија пласман во следнната фаза.

Група А:
Нанси-Олимпијакос
Канту-Фенербахче
Билбао-Каха Лаборал

Табела: Каха Лаборал 5-4, Олимпијакос 5-4, Фенербахче 5-4, Канту 5-4, Билбао 4-5, Нанси 3-6.

Последниот патник во Топ 16 ќе биде вечерва познат и во Ц групата, за тоа место во директен дуел, во Белград ќе решаваат Партизан и Армани Милано. Италијанскиот тим доколку сака во Топ 16 ќе мора да победи со пет или повеќе кошеви разлика, во спортивно меѓу најдобрите 16 ќе игра Партизан.

Група Ц:
Анадолу Ефес-Реал Мадрид
Шарлроа-Макаби
Партизан-Армани Милано

Табела: Реал 7-2, Макаби 6-3, Ефес 5-4, Партизан 4-5, Армани 3-6, Шарлроа 2-7.

“Макфакс“
Ohridnews