Искусниот ирски дипломат и поранешен амбасадор на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, и остана верен на традицијата. Тој и оваа година специјално допатува во Охрид, за да присуствува на богојавлеснките свечености.

Фуере и овојпат планира да има се придружи на илјадниците капачи, кои за Богојавление-Водици и Денот на рибарите, ќе запловат во ладните езерски води.

За празникот, најавени се бројни делегации. Според неофицијални најави, за Водици во Охрид ќе присуствува премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието на РМ Трајко Вељаноски, министри во Владата, политичари од власта и опозицијата, претставници на дипломатскиот кор и многу познати и јавни личности од земјава.

Церемонијата на осветување на водите во Охридското Езеро започнува во 10 часот.

OhridNews

 Водици 2014 во живо на OhridNews во цел свет