Во работна посета на Општина Дебрца денеска престојуваше Амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, неговата екселенција Ерван Фуере. При посетата амбасадорот Фуере бил запознат со проблемите на општината, процесот на децентрализација, меѓуопштинската соработка, меѓуграничната соработка и искористување на ЕУ фондовите.

Фуере оствари средба и со градоначалникот Љупчо Којчиноски, на која тој бил запознат со приоритети кои ги има општина Дебарца.

Фуере бил информиран и за активностите на советот на општината и за соработката помеѓу партиите од позицијата и од опозицијата. Во рамки на посетата амбасадорот Фуере ја посети и Интернационалната уметничка колонија “Дебрца”во Белчишта, каде се информирал за достигнувањата на колонијата. Фуере своите импресии ги запиша во книгата за впечатоци, а од  градоначалникот на општината на подарок како благодарност за досегашната соработка му беше врачена уметничка слика.

Евроамбасадорот Фуере ,кој ја претставува ЕУ во Република Македонија од ноември 2005 година наскоро заминува од должноста. Негов заменик ќе биде данскиот дипломат Петер Соренсен.

OhridNews