Евроамбасадорот Жбогар во посета на репродуктивниот центар за елени на НП Галичица
03.07.20 08:00
Во рамките на посетата на Охрид, Амбасадорот на Европската унија во земјава оствари посета на репродуктивниот центар за европски елен на Националниот парк Галичица. Репродуктивниот центар се протега на површина од 86 хектари на локалитететот „Косто бачило“. Матичното стадо брои 30 единки, од кои 24 женки и 6 мажјаци, а веќе има и подмладок на мали еленчиња.
Амбасадорот беше информиран со главните функции на центарот, кој има за цел аштита на биодиверзитетот преку активно управување на високопланинските пасишта, заштита на пејсажните и пределските вредности, намалување на ризикот од пожари, подобрување на атрактивноста на Националниот парк Галичица и едукативна функција, информираат од Националниот парк.
На средбата со раководството на националната установа било дискутирано и за зачувување на природното и културното наследство во НП Галичица и активностите кои установата ги презема и планира да ги имплементира во иднина. Евроамбасадорот се информирал и за напредокот и резултатите од спроведувањето на Проектот: „Подобрување на ефективноста во заштитата и управувањето со Националниот парк Галичица”, кој е дел од Програмата: „Подобрување на управувањето во заштитените подрачја“, финансиран од Европската Унија, а имплементиран во рамки на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
Од денеска, 21 јуни до 18 октомври, авиокомпанијата Аустриан ерлајнс ќе лета меѓу Виена и Охрид двапати неделно, секој четврток и недела Со свечен пречек и сечење црвена лента, за првиот лет и први...
Под мотото едно езеро – безброј приказни викендов во Струга, во соработка со Europe House Struga и Хотел Дрим, Општина Охрид и Општина Поградец беше одбележан денот на Езерото Посетителите имаа мож...
Во храмот „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид деновиве беа осветени три нови камбани, кои ќе бидат ставени во служба на црквата и на верниот народ Чинот на осветувањето го изврши Неговото Високо...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.