Словенија ја совлада Шпанија со 78-69, во дерби мечот на второто коло на Евробаскетот.

Бранителот на титулата Шпанија одигра добро прво полувреме и се стекна со предност од осум поени. Но во вториот дел се разигра Горан Драгиќ кој со помош на соиграчите успеа да ја сруши ‘црвената фурија’. Драгиќ мечот го заврши со 18поени, 7 скока, 6 асистенции.

Резултати, второ коло:

Група А:

Украина-Израел 74:67

Германија-Белгија 73:77

Франција-Велика Британија 88:65

Група Б:

Црна Гора-Летонија 72:73

БиХ-Србија 67:77

Литванија-Македонија 75:67

Група Ц:

Хрватска-Грузија 77:76

Полска-Чешка 68:69

Словенија-Шпанија 78:69

Група Д:

Финска-Шведска 81:60

Италија-Турција 90:75

Грција-Русија 80:71.

OhridNews
извор:„Макфакс“