Фудбалерите на Баерн Минхен, направија голем чекор кон освојување на титулата во Бундес лигата совладувајќи го составот на Борусија Дортмунд со минимални 1-0 (1-0).

Победникот во дербито на сезоната на „Сигнал Идуна Парк“ го одлучи Џошуа Кимих, кој пред крајот на првото полувреме постигна маестрален погодок. Фудбалерот за врска со големо чувство за игра со парабола го „лобовираше“ домашниот голман и ја погоди мрежата за водство на „баварците“. До крајот резултатот не се промени и гостите освоија значајни три бодови во трката за титулата.

Баерн Минхен се одлепи седум бодови од Борусија Дортмунд и се наоѓа на добар пат да ја одбрани титулата во германската фудбалска елита.

Резултати:

Борусија Дортмунд – Баерн Минхен 0-1

Баер Леверкузен – Волфсбург 1-4

Ајнтрахт Франкфурт – Фрајбург 3-3

Вердер Бреме – Борусија Менхенгладбах 0-0

OhridNews