Со два „евроголови“ екипата на Ливерпул славеше победа над Манчестер Сити 2-1 во дербито на колото во англиската Премиер лига.


Капитенот на „црвените“, Џордан Хендерсон со проектил го отвори резултатот, а Един Џеко набрзо го израмни по одличната акција со Кун Агуеро.


Двата погодоци беа само најава за она што го направи Бразилецот, Коутињо, кој ја „скина“ мрежата на Џо Харт и донесе значаен триумф за домаќините.


Со победата „црвените“ ја продолжуваат борбата за местата кои водат во ЛШ додека „граѓаните“ го губат здивот во шампионската битка со Челси.

Мх.П.