Европската комисија побара од Македонија итно справување со постоечките проблеми и назадувањето во поглед на слободата на говорот, независноста на судството и политичкиот дијалог, ова денеска беше соопштено при издавањето препорака за земјава да ги започне пристапните преговори за членството во ЕУ.
„Евроинтеграциите на ПЈР Македонија се наоѓаат во ќорсокак, потребно е да се надмине неодамнешното назадување во поглед на слободата на изразувањето и независноста на судството. Постои потреба да се најде заемноприфатливо решение за спорот за името, и владата и опозицијата треба да преземат чекори за враќањето на политичкиот дијалог во Парламентот.“ – изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе, за време на презентирањето на прогрес-извештаите за земјите кандидати за членство во ЕУ.
Според евроамбасадорот Аиво Орав, на извештајот не треба да се гледа само како на критика, туку како на јасен текст за како треба да се дејствува во иднина.
„Постојат многу грижи, се поголемата политизација на државните институции, контролата на владата над медиумите, слободата на говорот, потоа постои политичка криза а интересите на партиите се повеќе ги надминуваат интересите на нацијата, потоа независноста на судството и борбата против корупцијата. И покрај сето ова препораката сепак е дадена за да се започнат преговорите, со жалење за назадувањето што се случи во последната година. Тоа што сега го очекувааме и се надеваме, е дека овие прашања и грижи ќе се решат што поскоро за следната година повторно да се добие препорака. Мојата порака е: Ве молам помогнете ни да ви помогнеме.“ – порача Орав.
OhridNews
„Макфакс“