Европските клубови со широко отворени раце ги пречекуваат кошаркарите од НБА лигата која е ставена во мирување откако кошаркарите не се договорија со клубовите за личните доходи.


Следен на таков чекор се реши францускиот репрезентативец Тони Паркер кој ја засили екипата на Асвел. Предводниците на “црвена фурија“ браќата По и Марк Гасол подолго време тренираат со Барселона но сеуште не се знае дали ќе ги бранат боите на “блауграната“.

Центар на внимание е звездата од Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант кој игра “топло ладно“ со екипите од Болоња.

Ohridnews