Кошаркарите на Олимпијакос влегоа во победнички ритам. „Црвено белите“ до третиот триумф во серија стигнаа со драматичната победа 85-82 против составот на Макаби Тел Авив.

Победникот во дерби натпреварот во 4-та рунда од Евролигата беше решен со поени со звукот на сирената. Арон Харисон беше прецизен во последниот напад од мечот и донесе победа за својот состав. Претходно, Макаби реализираше за три поени и евентуално продолжение, но Харисон го имаше последниот збор и погоди.

Резултати:

ЦСКА Москва – Алба Берлин 88-93

Фенербахче – Баерн Минхен 71-75

Олимпијакос – Макаби Тел Авив 85-82

Милано – Реал Мадрид 78-70

Басконија – Химки 77-60

OhridNews