Европската кошарка ќе има нов владател откако бранителот на трофејот Шпанија натпреварите на Европското првенство во Словенија ги заврши во полуфиналето.

За златното одличје во финалето ќе се борат Литванија која беше подобра од Хрватска 77-62 и Франција која по продолженија ја елиминираше Шпанија 75-72.

Финалниот натпревар се игра в недела во 21 часот, а претходно во малото финале ќе се сретнат поразените од полуфиналињата.

Мх.П.