
Во рамки на посетата на Македонија, Ван Бален оствари средба со Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, како и со Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Поповски.Посетата е одлична прилика да се потврди големата поддршка што семејството на либералните партии во светот и’ ја даваат на Република Македонија за нејзино полноправно членство во ЕУ и НАТО, особено во контекст на претстојниот самит на НАТО во Чикаго. Ван Бален е докажан пријател и лобист на нашата држава, неуморен активист во афирмирањето на заложбите за што поскоро реализирање на македонските евроатланските аспирации, велат од ЛДП.











