680 натпревари одиграни во триесет земји се во фокусот на “Европол“ под сомнение дека исходот се знаел пред да се одиграат. Во најголемата истрага досега спроведена во фудбалскиот свет биле пратени многу фудбалери, им биле проверувани сите лични работи на интернет. Осомничени се 425 луѓе, а педесет се приведени.


Центарот на фудбалската мафија била во Сингапур, Азија, од каде сите замешени во местењето добивале инструкции. Најголем број наместени натпревари досега се откриени во Германија, и тоа со уплата од 16 милиони евра. Чистата добивка била девет милиони евра, а за учесниците провизијата изнесувале 2.5 милиони евра.

– Ова е само од неколкуте застрашувачки информации околу местењето на натпревари во Европа. Ова е организиран криминал со седиште во Азија и од таму комуницираат со неколку кланови во Европа. Потоа добиваат инструкции кои прецизно ги спроведуваат –
истакна претседателот на “Европол“, Роб Веинврајт.

Како еден од натпреварите на кој се знаел исходот е двобојот на младите селекции помеѓу Аргенина и Боливија. Со гол од пенал во 90-та минута Аргентина триумфираше со минимални 1-0. Вториот и подраматичен случај во “Европол“ е вмешаноста на Дебрецен, кој во првиот обид не успеал да го намести мечот со Ливерпул во Лигата на Шампиони. Но тоа од рака му тргнало во мечот со Фиорентина, кој завршил со 4-3.

Мх.П.