Охрид од денес до сабота ќе биде домаќин на 4-та Меѓународна Конференција за претприемништво, иновации и регионален развој „Од претприемачко учење до иновации и регионален развој“.
Конференцијата се одржува под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов, Европската академија на науки и уметности, Македонската академија на науки и уметности и Европскиот совет за мал бизнис и претприемништво, а организатор е Националниот центар за иновации и претриемачко учење, со финансиска поддршка на Австриската Развојна Агенција и Централната Европска Иницијатива.
На Конференцијата ќе присуствуваат претставници на Европска комисија, Светска банка, Европска академија на науки и уметности, МАНУ, педесетина универзитети (Кембриџ, Оксфорд, Рим, Берлин, Виена, Вашингтон, Катар, Белград, Загреб, Љубљана, Грац, Солун, Софија …), регионални агенции, бизнисмени од земјата, регионот и пошироко.
OhridNews