
Според информацијата од Јавното обвинителство на Република Македонија во дописот пишувало дека единствено надлежно тело да ја цени објективноста или транспарентноста на активностите на јавните обвинители е судот од прва инстанца и во случај на жалба апелациониот суд.
-Иако јавното обвинителство има капацитети и единствена законска недлежност за водење на истражна постапка, сепак ја поканивме Европската Комисија преку свои претставници, а во интерес на јавноста и заради намалување на сомнежите за објективноста во постапувањето, да сведочи за транспарентноста и објективноста во работата на јавните обвинители. Ценејќи ги домашните закони и европските стандарди, а во насока на намалување на сомневањата во јавноста, јавното обвинителство и натаму ќе продолжи со транспарентноста и подготвеноста за соработка со сите релевантни фактори, пишува во соопштението од Јавното обвинителство.
OhridNews












