Аматерски хористи од  повеќе европски земји учествуваат на шестото издание на Охридскиот хорски фестивал што започна на 22- ри и ќе трае до 26- ти август.

Освен настапите на отворено, хоровите имаат можност во хотелот Инекс да се престават во ревијален и натпреварувачки дел, да одржат концерти,  а публиката има можност да ја чуе и нивната изведба на композиции од поп и фолк-музиката.

Фестивалот завршува утре, за кога е предвидена  Конференција за хорско диригирање и интерпретација, по што ќе следи финалето и доделувањето на наградите.

OhridNews