Со натпреварите од четвртото коло продолжуваат квалификациите во европската зона за пласман на СП во Бразил.

Италија и Данска, во Б групата, ќе го одиграат еден од најнтересните натпревари, додека во вториот меч неубедливата Чешка ќе ја пречека Бугарија.

Ц групата го носи дербито на вечерта, Германија ќе ја пречека Шведска, додека Австрија и Ирска се фаворити против Казахстан односно Фарски острови.

Холандија и Романија, кои со максимален ефект ја делат првата позиција во Д групата, ќе го одиграат меѓусебниот дуел во Букурешт. Турција која игра лошо на стартот од квалификациите ќе и гостува на Унгарија.

Исланд во Е групата ја пречекува Швајцарија и со евентуална победа ќе ја преземе лидерската позиција. Словенија за поразот на стартот од Швајцарија во Љубљана, ќе мора да се вади на гостински терен во Тирана.

Во Ф групата Русија, Португалија и Израел се фаворити против опонентите Азербејџан, Северна Ирска односно Луксембург.

Босна и Херцеговина со евентуална победа над Литванија ќе се искачи на чело на табелата во Г групата, во чии рамки дербитo ќе го одиграат Словачка и Грција.

Х групата нуди две интересни пресметки, Украина ќе ја пречека Црна Гора, додека Англија за противник ќе ја има Полска.

Дербиот на четвртото коло, во И групата, ќе го одиграат соседите Шпанија и Франција.

Група А:
20:00 Хрватска-Велс
20:30 Македонија-Србија
20:45 Белгија-Шкотска

Група Б:
20:00 Чешка-Бугарија
20:45 Италија-Данска

Група Ц:
20:00 Фраски острови-Република Ирска
20:30 Австрија-Казахстан
20:45 Германија-Шведска

Група Д:
19:00 Андора-Естонија
20:00 Романија-Холандија
20:30 Унгарија-Турција

Група Е:
20:00 Кипар-Норвешка
20:30 Исланд-Швајцарија
20:45 Албанија-Словенија

Група Ф:
17:00 Русија-Азербејџан
18:00 Израел-Луксембург
21:45 Португалија-Северна Ирска

Група Г:
19:00 Летонија-Лихтенштајн
20:00 БиХ-Литванија
20:30 Словачка-Грција

Група Х:
20:00 Украина-Црна Гора
20:30 Сан Марино-Молдавија
21:00 Англија-Полска

Група И:
18:00 Белорусија-Грузија
21:00 Шпанија-Франција.

“макфакс“
Ohridnews