Наскоро во Македонија ќе бидат имплементирани европски стандарди во безбедноста на воздушниот сообраќај, а се најавува и подигнување на контролата на радиофрекфенцискиот спектар. Со таа цел потпишан е Меморандум  помеѓу Агенцијата за цивилно воздухопловство и Агенцијата за електронски комуникации.

Со Меморандумот, поставени се основи за заеднички надзор и контрола над работата на комуникациските услуги во контролата на летање, сертификацијата на уредите во воздухопловите, базните станици и антенските уреди во Република Македонија.

Двете Агенции се заложија и за заеднички настап во исклучително значајниот европски проект за сателитска навигација Галилео, кој треба да се имплементира во наредниот период, како стратешка определба на Република Македонија.

Со потпишаниот документ, двете агенции ја поддржаа и одредницата број 8 на Европската комисија за јакнење на институционалните капацитети и улогата на независните регулаторни тела во земјава.

OhridNews
извор: Makfaks