
Имено, Коалиција на младински организации СЕГА во која членува и Младински Совет – Охрид, ќе се вклучи во Европската кампања „Право на младинско информирање“ – „Отворено прашај!“ која ја спроведува ЕРЅИЦА (Европска Агенција за Младинско Информирање и Советување) во партнерство со Советот на Европа, од април до ноември, 2012 година.
За таа цел во Прилеп, Битола, Охрид, Дебар, Тетово, Штип и Теарце ќе се организираат средби со Претседателот на Советот на општината, како клучни институции во донесувањето на одлуки на локално ниво
Идејата е младите да се информираат за работата на Советот, да се запознаат со начинот на неговото функцирање и улога во процесите на донесување на одлуки кои се од нивни интерес .
На овие средби тие ќе имаат можност отворено да прашаат се што ги интересира, а е поврзано со младите.
Целта на кампањата е да се подигне свеста кај младата популација во Р. Македонија, да бара информации од институциите на системот и граѓанскиот сектор, со цел подобро информирање.












