Откако ја изгласа резолуцијата на известувачот Ричард Ховит, Европскиот парламент од Советот на ЕУ побара што поскоро да одреди датум за почеток на пристапните преговори со Македонија.

Резолуцијата бара што поскоро отпочнување на преговорите за членство, со објаснување дека билатералните прашањата на Македонија со Грција и Бугарија треба да се решаваат во рамките на процесот на пристапувањето.

„Мојот апел е Атина да го искористи Претседателството со ЕУ и да пронајде начин за решавање на проблемот со Скопје, со што конечно би и се ставил крај на блокадата. Ја повикувам Европската комисија да ја награди Македонија со „статус на функционална пазарна економија”. Се надевам дека мојот извештај ќе направи разлика онаму каде што таа е итно потребна”, порачал британскиот европратеник Ховит.

OhridNews

извор Макфакс