Селекцијата на Чиле е првиот финалист во Купот на Конфедерации. Чиле во полуфиналето после изведувањето на пеналите ја совлада Португалија (3-0), откако регуларниот дел и дополнителните 30 минути завршија без голови 0-0.

Во пенал рулетот херој беше голманот на Чиле, Клаудио Браво кој успеа да ги скроти ударите на Кварезма, Жоао Мутињо и Нани. За репрезентацијата на Чиле прецизно шутираа Видал, Aрангуиз и Алексис Санчез.

Противник на Чиле во големото финале ќе биде подобрата селекција од втората полуфинална двојка која ја сочинуваат Германија – Мексико.

OhridNews