Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков по завршување на сезоната дресот на Рајн Некар Левен ќе го замени со Веспрем кој започнува нов проект.


Унгарскиот шампион и европскиот вицепрвак од следната сезона во името на Љубомир Врањеш ќе добијат нов тренер кој ќе направи коренити промени во екипата.

Дел од тие промени е и ангажирањето на Манасков кој беше неисполнета желба на шведскиот стратег на клупата од Флензбург.

Веспрем ќе биде трет интернационален предизвик за Манасков, откаок го носеше дресот на Вецлар и Рајн Некар Левен по заминувањањата од Металург односно Вардар.

OhridNews