Репрезентативецот на Македонија, Езџан Алијоски се пресели во Англија, откако договори четиригодишна соработка со тимот на Лидс, кој се натпреварува во Чемпионшип дивизијата скалило подолу од Премиер лигата.

25-годишниот фудбалер долго време беше поврзуван со неколку клубови, но Лидс во преговорите беше најконкретен и токму таму ќе ја продолжи кариерата Алијоски

Тој на островот се пресели од Лугано, а претходно настапуваше за Јанг Бојс и Шафхаузен.

OhridNews