Екологистот Лазо Наумоски, кој неодамна изработи проектот за спас на пастрмката од истребување, смета дека на езерото не му е потребен концесионер, минимум до 2014 година, додека трае забраната за лов на пастрмката. Според него, овој период, Хидробилошкиот институт треба да го искористи за да изготви студиозни анализи за состојбата со рибниот фонд.
– Додека не се направи студија не може да се зборува за давање на Охридското езеро под концесија. За исчезнувањето на пастрмката, сметам дека имаше големо влијание и претходниот концесионер кој при ловењето ги користеше висечките мрежи, вели Наумоски.
Тој смета дека со езерото најдобро би било кога би стопанисувале локалните власти од градовите Охрид, Струга и Поградец кои се наоѓаат на брегот на езерото.
Ваквото мислење на Наумоски е спротивно од неодамна изнесеното од страна на дел од експертите кои учествуваа на тркалезната маса посветена на Охридското езеро. Според нив, езерото што поскоро треба да се даде под концесија со цел да добие свој стопан кој ќе се грижи за овој природен ресурс.
Променливо облачно со сончеви периоди Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег Ќе дува умерен ветер од јужен правец Во...
Само еден ден по дадените ветувања на македонската делегација пред претставниците на УНЕСКО во Париз дека Охридскиот регион ќе биде заштитен од понатамошна девастација, денес во Охрид, почнаа интер...
Биохемиската лабараторија при Општата болница Охрид доби нова опрема Со истата како што посочуваат од Болницата ќе се подобри квалитетот на услугите Новиот интегриран апарат за биохемиски и имуноло...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.