
Со повлекувањето на езерото кое само во изминатите шест месеци опадна речиси за половина метар, на градскиот кеј се забележуваат пукнатини кои доколку не се санираат навреме може да предизвикаат несакани последици, предупредуваат од локалната самоуправа.

Според Шикалоски санацијата на кејот треба да ја изврши државата, бидејќи таа стопанисува со крајбрежјето. Тој очекува Министерството за транспорт и врски брзо да реагира, во спротивно не ја исклучува можноста општината да ги затвори најоштетените делови од кејот.
– Поткопувањето од ден на ден е се поголемо и може да дојде до поголеми опасности и доколку навреме државата не реагира ние ќе бидеме принудени дел од пешачката зона на кејот да ја затвориме, рече Шикалоски.

Од Капетанијата на пристаништата, која е под надлежност на Министерството за транспорт и врски, информираат дека се воочени одредени оштетувања на градското пристаниште кои ќе бидат санирани до крајот на оваа година, додека состојбата на кејот дополнително ќе се согледува.
Езерото го поткопа градскиот кеј
Последен пат сериозни оштетувања на градскиот кеј имаше во средината на деведесетите години од минатиот век кога по силно невреме беше оштетен дел од шеталиштето, кое потоа комплетно беше санирано.













