Марко Пејчиновски неуморно се подготвува за уште еден подвиг на Охридското Езеро, кој ќе се обиде да го постигне на 28 август. Езерото и Марко полека испишуваат нова легенда, а претстојниот подвиг ќе биде посветен на борбата на лицата со ретки болести. Марко напорно тренира секој ден во Езерото, а наскоро ќе обелодени  каков подвиг подготвува.

Езерото и Марко пишуваат нова легенда

Езерото и Марко пишуваат нова легендаМарко Пејчиноски неуморно се подготвува за уште еден подвиг на Охридското Езеро, кој ќе се обиде да го постигне на 28 август. Езерото и Марко полека испишуваат нова легенда, а претстојниот подвиг ќе биде посветен на борбата на лицата со ретки болести. Потсетуваме дека специјално за овој настан се изработени маици во бела и црна боја за поддршка на лицата со ретки болести. Истите ќе чинат 300 денари, а приходот минус трошоците од секоја продадена маица ќе оди за помош на оваа категорија граѓани.Заинтересираните лица кои сакаат да купат маица треба да извршат нарачка преку порака на нашата страна, во која треба да се наведе: боја, големина и количина, по што ќе бидете контактирани од нашите адмнистратори за сите детали.Краен рок за нарачка на маиците за поддршка на лицата со ретки болести е 20.08.2019 година до 15 часот, по што нарачателите ќе бидат информирани каде ќе може да ги подигнат.Тимот на Марко Пејчиновски

Geplaatst door Marko Pejchinovski op Vrijdag 16 augustus 2019

Специјално за претстојниот подвиг изработени се маици во бела и црна боја за поддршка на лицата со ретки болести. Истите ќе чинат 300 денари, а приходот од секоја продадена маица ќе оди за помош на оваа категорија граѓани.

Заинтересираните лица кои сакаат да купат маица треба да извршат нарачка преку порака на Официјалната фан страна на Марко Пејчиновски на Facebook, во која треба да се наведе: боја, големина и количина, по што ќе бидат контактирани од адмнистраторите за сите детали. Краен рок за нарачка на маиците за поддршка на лицата со ретки болести е 20.08.2019 година до 15 часот, по што нарачателите ќе бидат информирани каде ќе може да ги подигнат, информира тимот на Марко Пејчиновски.

Марко Пејчиновски, минатата година на 12-годишна возраст направи подвиг за паметење, откако за околу девет часа во еден здив успеа да го преплива Охридското Езеро од Св. Наум до Охрид. Тој е најмладиот пливач кој ја препливал оваа делница, што го сврстува во легендите на пливачкиот спорт. Успехот на Марко е дотолку поголем ако се има предвид дека тој има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети, но како што многу пати изјави, тоа воопшто не му преставува пречка да ги оствари своите соништа.

За минатогодишниот подвиг Марко ја доби Свети Климентовата повелба – највисоко признание што го доделува Општина Охрид, а првиот и најпосетуван интернет портал во регионот OhridNews на традиционалниот избор на личности и настани на годината на Марко му го врачи признанието „Подвиг на годината“. За подвигот тој доби и „Златна буба мара на популарноста“.

OhridNews