Во организација на „Sport Brother Ohrid“, овој викенд во Спортскиот центар „Климент Колески“ започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“, кој има за цел да ги обедини спортот, тимската игра и соработката помеѓу локалните компании и институции.

По завршувањето на турнирот ќе бидат доделени пехари и медали за трите најдобро пласирани екипи, како и индивидуални признанија за најдобар голман и најдобар стрелец.
Со „Езерска бизнис лига“ сакаме да создадеме традиција што ќе го зајакне спортскиот дух и ќе ги поврзе компаниите преку дружење и здрава конкуренција. Иако годинава турнирот е локален, нашата цел е во иднина да прерасне во регионална лига, информираат од „Sport Brother Ohrid“.
Натпреварите ќе се одржуваат секој викенд, во сабота и недела, со почеток од 16:00 часот, при што ќе се играат по два натпревари дневно.
Распоред на натпревари
1 коло – викенд 14/15 февруари
АСП ПАК – ТАВ Аеродром
Жито Леб – Општина Охрид
Костал – Магна
ЛТХ Леарница – Инекс Олгица
Слободен: Макпетрол
2 коло – викенд 21/22 февруари
Макпетрол – Општина Охрид
ЛТХ Леарница – Магна
АСП ПАК – Инекс Олгица
Костал – Жито Леб
Слободен: ТАВ Аеродром
3 коло – викенд 28 февруари / 1 март
АСП ПАК – Магна
ТАВ Аеродром – Инекс Олгица
ЛТХ Леарница – Жито Леб
Макпетрол – Костал
Слободен: Општина Охрид
4 коло – викенд 7/8 март
АСП ПАК – Жито Леб
Општина Охрид – Костал
ТАВ Аеродром – Магна
ЛТХ Леарница – Макпетрол
Слободен: Инекс Олгица
5 коло – викенд 14/15 март
Инекс Олгица – Магна
Општина Охрид – ЛТХ Леарница
Жито Леб – ТАВ Аеродром
Макпетрол – АСП ПАК
Слободен: Костал
6 коло – викенд 21/22 март
АСП ПАК – Општина Охрид
Инекс Олгица – Жито Леб
ТАВ Аеродром – Макпетрол
Костал – ЛТХ Леарница
Слободен: Магна
7 коло – викенд 28/29 март
Костал – АСП ПАК
Инекс Олгица – Макпетрол
Жито Леб – Магна
ТАВ Аеродром – Општина Охрид
Слободен: ЛТХ Леарница
8 коло – викенд 4/5 април
ЛТХ Леарница – АСП ПАК
Магна – Макпетрол
Костал – ТАВ Аеродром
Инекс Олгица – Општина Охрид
Слободен: Жито Леб
9 коло – викенд 18/19 април
Жито Леб – Макпетрол
ЛТХ Леарница – ТАВ Аеродром
Магна – Општина Охрид
Костал – Инекс Олгица
Слободен: АСП ПАК
Организаторите ги покануваат сите љубители на спортот да присуствуваат и да ги поддржат своите фаворити.
OhridNews











