Најдобрите македонски судии Славе Николов и Ѓорги Начевски ќе ја делат правдата на “езерската“ дерби пресметка во 18-та рунда од Првата машка ракометна лига.

Тандемот Николов – Начевски беа активни на последниот мундијал, кој се одржа во Шпанија. Македонски судии на СП судеа пет натпревари меѓу кои и мечот за третото место измеѓу Хрватска – Словенија.

Делагат на натпреварот во Охрид е комесарот за натпревари Камер Металари. Натпреварот се игра в сабота со почеток од 19 часот.

Мх.П.