Охридските кошаркари на Лихнидос забележаа победа во пријателската средба со струшкиот третолигаш Црн Дрим. Во меч кој крајниот резултат беше во втор план, тренерот на охриѓани Балазоска ја виде физичката и тактичката подготвеност на кошаркарите.


–  Играта е далеку од задоволителна. Сепак ова е почеток на сезоната. Мала предност за нас го гледам одложувањето на стартот на шампионатот за една недела. На тренинзите ќе треба да поработиме на тактичкиот дел во одбраната и нападот. Од почетокот на  подготовките целата екипа се собра пред десетина дена, што е премал временски период да се постават цврсти темели во играта – посочи Балазоска.

За кошаркаскиот клуб Лихнидос ова ќе биде дебитанска сезона во втората лига. Првата  Лихнидос ја мина во третата кошаркарска лига. Тогаш под името Колибри го освои третото место што значеше пласман еден ранг погоре односно во втората лига.


–   Целта на секој тренер пред почетокот на сезоната е пласман во горниот дел на табелата. Нас ова ние прва сезона и ќе ни биде доста тешка. Реално нам ни треба една сезона да се одржиме во лигата и да создадаме стабилен второлигаш – рече Балазоска. Таа ја истакна одличната аклиматизација на новите кошаркари кои го засилија охридскиот клуб.

Охриѓани премиерата во втората кошаркарска лига ќе ја имаат на домашен терен против екипата на Неготино.

Мх.П.