Според првичните резултати на извршената анализа од страна на Центарот за јавно здравје, станува збор за површинско загадување на водата со надворешни материи, меѓу кои во најголем дел цутови од растенија. Анализите покажале дека водата не е загадена со хемиски материи и фекални води,и дека нема индикации за промена на квалитетот на водата.
Како резултат на големата пречистителна моќ на езерото, надворешните материи се веќе расчистени, за што придонесоа и езерските бранови во текот на ноќта.
Според последните испитувања направени во месец април, во најголем дел водата од Охридското Езеро, е од прва катетегорија. Новите резултати од вчера земените примероци од водата се очекуваат да бидат готови по четири дена.