Од УХРМ информираат дека според денес извршените мерења во 13.30 часот, температурата на водата во Охридското езеро е 26 степени.
Високите температури до 32 степени во Охрид ќе траат до четврток кога се очекуваат краткотрајни врнежи од дожд и грмотевици и благо опаѓање на температурите до 27 степени.
Од недела се очекува повторно покачување на максималната температура до 31 степен.












