И покрај високите температури во изминатиот период, езерската вода и понатаму е свежа за капење. Според податоците на Центарот за јавно здравје, при последните извршени мерења, зависно од длабочината, температурата на водата во Охридското езеро е од 15 до 19 степени. Квалитетот на водата во поголемиот дел од мерните места е со добар квалитет.

Според прогнозите, претстојниот викенд времето во Охрид ќе биде топло, но со можност за повремени врнежи од дожд во попладневните часови. Температурата на воздухот ќе биде од 22 до 24 степени, а минималната од 12 до 14. Од понеделник се очекува покачување на температурата.

OhridNews