Езерските бранови исфрлија големи количини најразновиден отпад по обилните врнежи од дожд и засилениот јужен ветар. Како последица од временските неприлики по шеталиштето и крајбрежниот појас се забележа голема количина на тешко разградлив комунален отпад, трска, реса и останат отпад.

По ваквата појава, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ изминатиот викенд беа вонредно ангажирани за расчистување на просторот околу градското пристаниште и кејот на потегот до Холандски парк.
Од „Охридски Комуналец“ информираат дека  со акцијата ќе се продолжи и во текот на наредните  денови.

 

OhridNews