Кошаркарите на Охрид утре во рамки на 11 коло од Првата лига гостуваат во Струга кај екипата на Црн Дрим.

Со борбен дух, максимална мотивација и желба за победа, одиме по нов предизвик и нови бодови. Поддршката е секогаш важна – бидете со нас и следете го езерското дерби, посочуваат од клубот.
Натпреварот се игра во СЦ „Тими” Струга со почеток во 13 часот.
OhridNews











