ГРК Охрид во сабота ја пречекува екипата на РК Струга во рамки на второто коло од ракометната Супер лига.
Во сабота не очекува натпревар против екипата на Струга на домашен терен, една млада борбена екипа која сака да се докажува, ние сме фаворити на овој натпревар и ќе влеземе максимално спремни и фокусирани да го докажеме тоа и на терен. Ги повикувам охриѓани и навивачката група Рибари да дојдат во сабота да не поддржат и на крајот заедно да славиме победа, вели голманот на ГРК Охрид Даниел Ѓорѓески.
Натпреварот се игра со почеток во 18:30 часот во салата „Билјанини Извори“.
OhridNews