Пред околу две илјади гледачи во одлична атмосфера Охрид ја совлада Струга со 30-21 (16-6) во мечот од шестото коло од првата македонска ракометна лига.

Охриѓани понесени од френетичните “рибари“ одиграа прво полувреме од соништата со што ги отпишаа гостите кои во Охрид допатуваа со своите “паткари“. Во вториот дел домаќините се опуштија, тоа го искористија стружани кои успеаа да го ублажат поразот.

Најефикасни на мечот со десет постигнати голови беа Николоски кај Охрид и Ацев кај Струга.

Охрид : Анѓелковски 1, Томоски 5, Андоноски 4, Митрески 3, Николоски 10, Трифоноски 3, Поп Стефанија 3, Бабачев 1.

Струга : Попоски 3, Арсоски 1, Бадалоски 1, Куциноски 2, Новаковиќ 3, Димоски 1, Ацев 10,

М.П.