“Езерското“ дерби меѓу ракометните екипи Охрид и Струга во Првата машка ракометна лига е со шампионски шмек. Никогаш до сега овие два лути ракометни ривали не одиграле ваков натпревар со исклучително значење. Домаќин е Охрид, спортската сала “Билјанини Извори“ ќе биде исполнета до последното место, натпреварот започнува во 19 часот.


Стуга во Охрид ќе допатува како лидер, и по мечот со “гладијаторите“ така ќе остане, но со победа охриѓани ќе ја стопат предноста, која на стартот од втората полусезона изнесуваше десет бодови.


Избраниците на тренерот Горан Андоновски се решителни пред мечот со Струга дека е време за наплата за ланскиот пораз, кој го оддалечи Охрид со Супер лигата како и елиминацијата од Купот на Македонија сезонава.


Новата гарнитура во Ракометна федерација го насети “еден два“ дербито во Првата машка ракометна лига и ги испрати најдобрите судии во Македонија, Николов и Начевски.

За нив ова ќе биде обичен натпревар, а за охриѓани преставува празник на ракометот. НАПРЕД ОХРИДЕ !!!

Михаил Постоловски