Ракометарите на Охрид славеа во Езерското ракометно дерби што се одигра вечерва во рамки на 2то коло од Супер лигата.
Во салата „Нико Нестор“ во Струга, „гладијаторите“ во тврд меч извојуваја победа 19:21, полувреме 11:11.
Дерби средбата се одигра без организирано присуство на навивачки групи но тоа не ги спречи „Рибари“ еуфорично да ја прослават победата и да им приредат величествен пречек на ракометарите на Охрид, по враќањето од дерби средбата.

OhridNews












