Според последните информации на Управата за хидрометеролошки работи, нивото на водата во Охридското Езеро се наоѓа на 693,35 метри надморска височина. Ова ниво е 18 сантиметри над природната кота, која изнесува 693,17 или 25 сантиметри над минимално дозволената кота која изнесува 693,10 метри надморска височина.

Хидрометеролозите велат дека ваквиот езерски водостој не е карактеристичен за овој период од годината.

-Во пролет обично би требало да бележиме повисок водостој, но оваа година тоа не е случај бидејќи во текот на зимата немавме големи врнежи на снег и дожд. Покрај Охридското Езеро, низок раст на нивото на вода се бележи и кај останатите езерски акумулации како и кај реките, вели Рада Бојковска од Управата за хидрометеролошки работи на Република Македонија.

Taa објаснува дека зголемување на водостојот може да има како резултат на пролетните дождови кои се очекуваат во текот на овој месец.

Во месец март, минатата година, нивото на Охридското Езеро се искачи околу 20 сантиметри над максимално дозволената кота од 693,75 метри надморска височина.

OhridNews